ХОРОР НА КУЌНИОТ ПРАГ – Маж ја застрелал сопругата пред нејзините две деца, таа останала мртва на лице место!
Страшното злосторство ја згрози јавноста
Властите уапсија маж обвинет дека ја убил својата сопруга пред очите на нивните две деца по расправија за време на вечерата, се вели во извештаите. Повикувајќи се на полицијата во Дејли Сити, Калифорнија, KTVU-TV известува дека Ромиер Нараг испукал повеќе истрели во неговата сопруга, Френсис Кендра Лусеро, на 6 март. Полицијата соопшти дека Лусеро (27) трчала кон куќата кога Нараг наводно ја застрелал. На местото на настанот била констатирана смрт.
Затворските записи покажуваат дека Нараг (27) бил обвинет за убиство од прв степен и голем број обвиненија поврзани со оружје. Не е јасно дали тој се изјаснил за некое од обвиненијата, а неговата адвокатка, Никол Ламброс, не одговори веднаш на барањето за коментар. Кампањата GoFundMe, започната за да помогне во покривањето на трошоците за погреб, ја опиша Лусеро како „прекрасна мајка, ќерка, сестра и пријателка која допрела безброј животи околу неа“.
-Таа беше најискрената, внимателна, лојална и амбициозна жена што бевме благословени да ја познаваме – беше наведено.
Нараг треба да се појави на суд во четврток.