ХОРОР! ПОЗНАТИОТ БОДИБИЛДЕР УСМРТЕН ОД ТЕГОТ: На него падна товар од 210 килограми, скршувајќи му го вратот! Невиден ужас НА НАТПРЕВАРОТ

Страшна несреќа на натпревар во Индонезија ја шокираше планетата.

Познатиот фитнес инструктор Џастин Вики (33), почина по хорор несреќа која се случила кога се обидел да подигне 210 килограми.

Британски „Дејли мејл“ наведува дека Вики бил бодибилдер, нутриционист и личен тренер која имала преку 30.000 „следбеници“ на социјалната мрежа Инстаграм.

Тој бил итно пренесен во локална болница со скршен врат и критична компресија на виталните нерви поврзани со срцето и белите дробови.

И покрај максималните напори на лекарите, тој починал по операцијата.

Џастин се мачеше да стане со товарот, падна, а теговите паднаа врз него.

“Вики беше добра личност, љубезна и комуникативна. Секогаш го споделуваше своето знаење за теретана и ги советуваше пријателите да бидат внимателни и да не ги преценуваат своите можности за време на тренингот”, рекол еден од неговите пријатели.