ХРВАТКАТА СЕ ОБИДЕЛА ДА ГО БАКНЕ РОНАЛДО, НО НЕ ЈА ОЧЕКУВАЛА НЕГОВАТА РЕАКЦИЈА !(ВИДЕО)

Една од најубавите светски фудбалерки , Ана Марија Марковиќ (24), по потекло од Сплит, ја заинтригира јавноста кога пред неколку месеци гласно го пофали Кристијано Роналдо и ги молеше медиумите да најдат начин да ги запознаат.

Сепак, желбата и се оствари бидејќи нејзиното вирално видео од Инстаграм го видоа голем број луѓе, па маркетинг експертите околу Роналдо го видоа потенцијалот во нивната средба, па дури и ќе заработат многу пари од тоа!

Во соработка со компанија која се занимава со тргување на берзата за криптовалути, заедно снимија реклама (односно прилог) која треба да биде објавена во јавноста на 20 март, но снимката веќе се појави. „Тизерите“ сведочат дека Роналдо и Ана Марија одлично се забавувале на сетот, а Хрватката долго време не „ја пуштала тремата“.

Така, на видеото објавено на социјалните мрежи се гледа дека тие двајца направија „фудбалски предизвици“, за кои се уште не знаеме кој беше поуспешен, а после се, Ана Марија се прости од Роналдо. И додека фудбалерот само ја прегрна, таа сакаше да го бакне, па се заврши незгодно. Таа го бакна фудбалерот во рамо, што секако не и беше намерата, па се изгледаше многу незгодно.