Хрватската инфлуенсерка Ивана Мишковиќ го привлече вниманието со своето појавување на забавата на Story Hall of Fame која се одржа синоќа во Загреб.
Имено, таа носеше фустан од дизајнерката Ивана Јуриќ со комбинезон во боја на кожа. Поради оваа оптичка илузија, многу луѓе мислеа дека таа се соблекла. Изгледот го комплетираше со нагласена шминка, залижана коса и обетки.
„Топ! Да можеа да измислат ваков костим за капење и цела година да бидеме мирни“, „Жено, врв си“, „Јас сум без зборови“, „Така се прави“, се дел од пофалби што ги доби на социјалните мрежи.
Ивана доби награда во категоријата Најдобра улична стил ѕвезда.
“Чест ми е што секогаш ми даваат комплименти за мојот стајлинг. Мислам дека клучот е да се облекуваш онака како што се чувствуваш. Немам специфичен стил и секогаш се водам од чувството. За мене, како и веројатно секоја жена, Најважно е да се чувствувам добро во тоа што го носам. Исто така, ми е важно да се чувствувам самоуверено и мислам дека тогаш и другите луѓе ја чувствуваат таа енергија“, изјави таа претходно во интервју за Story.hr.
Таа додаде дека не треба да ги слушаме оние кои велат дека живееме во „машки“ свет, бидејќи жените се многу способни.
„Најважно е да се поддржуваме, нема конкуренција. Има простор за сите, се додека се поддржуваме“, изјави таа.