Хрватска, Украина и Италија фаворити за победа на „Евровизија“

Избраните песни да ги претставуваат Хрватска, Украина и Италија на „Евровизија“, се фаворити за победа на музичкиот натпревар, според податоци од обложувалници на интернет.

„Рим тим таги дим“, „Тереза и Марија“ и „Ла ноја“ ги заземаат првите три позиции, откако може да се слушнат сите 37 песни што ќе се натпреваруваат во мај во Шведска.

Во најдобрите десет моментално, според обложувалници, се и песните на Швајцарија, Холандија, Белгија, Грција, Израел, Шведска и Франција.

Шеесет и осмото издание на „Евровизија“ ќе се одржи во Малме на 7,9 и 11 мај. Како водителки на натпреварот, најавени се холивудската ѕвезда Малин Акерман и Петра Меде, која им е добро позната на евровизиските фанови од претходни години