Хрватска ќе испрати 14 хеликоптери во Украина

Хрватска ќе ѝ испрати на Украина 12 хеликоптери МИ-8 МТВ-1 и два хеликоптери МИ-8Т, кои го поминаа потребното одржување во хангарите и ќе бидат готови во рок од десет дена.

Хрватска планира да испрати 14 хеликоптери во Украина, објавија локалните медиуми, пренесува Анадолу.

Весникот „Јутарњи лист“ пишува дека се започнати подготовките за донација на хеликоптери од страна на Хрватските вооружени сили.

Хрватска ќе испрати 12 хеликоптери МИ-8 МТВ-1 и два хеликоптери МИ-8Т.

Хеликоптерите го поминаа потребното одржување во хангарите и ќе бидат готови во рок од десет дена.

Се очекува тие да бидат испратени прво во Полска, а потоа во Украина.

Хрватската Влада ја чуваше во тајност сета воена поддршка за Украина. Премиерот Андреј Пленковиќ во ноември најави дека 14 хеликоптери ќе бидат испратени во Украина, но одби да даде повеќе детали.

Во меѓувреме, претседателот Зоран Милановиќ, познат по своите спротивставени ставови за испраќање воена помош за Украина, реагираше велејќи: „Не ме интересира“.