Христијан Мицкоски: “Ако сакаат да веруваме дека Бугарија нема да стави дополнително вето, нека го тргнат билатералниот договор од преговарачката рамка“

Вакви какви што се уставните измени, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата нема да ги гласа.  Многу прецизно ги следам изјавите и пораките кои доаѓаат од меѓународните претставници во Македонија, но и оние коишто периодов беа тука и имавме средби. Тие цело време зборуваат дека нема да има дополнителни услови, за отпочнување на преговорите, и ние сме согласни со тоа, но сме сигурни дека ќе има понатаму дополнителни услови и тоа не може никој од нив да го гарантира, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за Алсат М.

Мицкоски посочи дека меѓународните претставници не гарантираат дека од Бугарија нема да има нови услови понатаму, но дека ако не убедуваат дека нема да има, тогаш нека го тргнат билатералниот договор.

– Ако е така бидејќи трпението на граѓаните во Македонија е навистина преголемо и тоа се покажа уште од оној Договор за стабилизација и асоцијација па до денес, цело време има уште ова, уште ова, еве јас ќе дадам предлог нека го избришат билатералниот договор од преговарачката рамка и тогаш е бидеме сите сигурни дека нема да има дополнителни услови, истакна Мицкоски.

Мицкоски посочи дека не може одговорот за билатералниот договор е дека тие работи се неменливи, за Македонија треба да важат само Копенхагеншките критериуми.

-Ако сакате да веруваме дека официјална Софија понатаму нема да стави дополнително вето, тогаш, да го промениме делот каде што освен Копенхагеншките критериуми во преговарачката рамка е вклучен и билатералниот договор со Бугарија, нагласи Мицкоски.

Во моментот како ВМРО-ДПМНЕ се концентрирани на изработка на програмата, бидејќи навистина цениме дека состојбата во која се наоѓа Македонија се многу лоша, во сите области. Подготвуваме квалитетна програма и единствената понуда која ја очекувам од владата е час поскоро да биде распуштен парламентот и да одиме на предвремени парламентарни избори, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за Алсат М.

Мицкоски истакна дека како сконцентриран како претседател на ВМРО-ДПМНЕ е на програмата, а потоа граѓаните и бројките ќе дадат одговор како ќе изгледа следната влада на Македонија и посочи дека идната влада на ВМРО-ДПМНЕ како една од основите задачи ќе биде нула толеранција за криминал и корупција.

 – Ги цениме позициите на нашите стратешки партнери, вклучително и на амбасадорот Агелер, тоа значи, секоја една изјава од искусни дипломати е добредојдена. Но, ова е наше внатрешно прашање.  Корупцијата и криминалот се внатрешно прашање и тоа треба самите да го решиме, не смееме да очекуваме дека некој од надвор ќе дојде и ќе го реши тоа прашање. А дали има криминал и корупција не треба некој од надвор да ни кажува сите сме сведоци, секој ден по некој наш сограѓанин  гледа некој кој сведочи а огромното ниво на криминал и корупција, рече Мицкоски.

Мицкоски истакна дека сите кои имаат одредена политичка заштита, а сториле криминал треба час поскоро да бидат изведени пред лицето на правдата.

 
СООПШТЕНИЕ – Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ