ВИДЕО | ЗА ПРВ ПАТ ОД ПОЧЕТОКОТ НА ВОЈНАТА – Бугарија испраќа воена опрема во Украина откако Володимир Зеленски им одржа ‘лекција’ на властите во Софија: Подарокот од Москва заминува во Киев !?

Бугарија се согласи да и обезбеди на украинската Aрмија околу 100 оклопни транспортери, што претставува пресврт во нејзината политика.

Парламентот во Софија доцна синоќа го одобри владиниот предлог за испраќање на првата пратка тешка воена опрема во Украина од почетокот на руската инвазија на крајот на февруари 2023 година.

Оваа опрема повеќе не е неопходна за потребите на Бугарија и може да биде сериозна поддршка за Украина во нејзината борба за зачувување на независноста и територијалниот интегритет на земјата по неоправданата и неиспровоцирана агресија на Русија“, се наведува во одлуката на бугарскиот парламентот.

Оклопни возила од советско производство беа испорачани во 80-тите години на минатиот век во Бугарија, која тогаш беше сојузник на Советскиот Сојуз во Варшавскиот пакт.

Директните испораки на оружје за Киев беа отфрлени од претходните Влади, назначени од претседателот Румен Радев.

Тој е проруски ориентиран и неодамна изјави дека Киев е виновен за војната и дека снабдувањето со оружје на Украина само го продолжува конфликтот.

Но, новата прозападна Влада на соседна Бугарија сега одлучи да испрати оклопни возила во Украина заедно со оружје и резервни делови.

Сепак, одлуката наиде на критики од Социјалистичката партија и промосковските националисти од Партијата на преродбата кои гласаа против оваа одлука.