Христијан Мицкоски: “За случајот со Клиниката за онкологија треба да има кривична и политичка одговорност“
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, смета дека покрај кривична треба да има и политичка одговорност за случајот со Клиниката за онкологија.
„За месеци од денеска, сите овие луѓе што се дел од оваа здравствена мафија, којашто профитирала на грбот на пациентите кои го губеле својот живот, ќе бидат изведени пред лицето на правдата и нормално соодветно на доказите ќе бидат санкционирани“, порача денеска Христијан Мицкоски пред медиумите во Прилеп.
Според него, треба да се бара и политичка одговорност за сите оние кои знаеле за ваквите состојби, а ништо не презеле во изминатиот период.
„Ако некој пред две години предупредувал, вие медиумите пред 6 месеци, зошто на некој му треба шест месеци да чека за да отпочне предистрага ? Прашањето е колку човечки животи во меѓувреме се загубени“, кажа Христијан Мицкоски.