Димитриј Медведев повторно се надмина себеси и упати ‘заканувачка’ порака до Запад: “Вие сте нацистичка коалиција, не сонувајте за помирување!“

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, повика сегашното раководство на западните земји, кои го поддржуваат режимот во Украина, да се третира како нацистичка коалиција и да не има илузии за можно подобрување на односите меѓу Руската Федерација и западните лидери.

Дмитриј Медведев изјави дека лидерите на Украина се повеќе зборуваат за потребата „да се изведат сите Руси пред лицето на правдата“, а тоа значи целото население на Русија, без разлика на националноста.

Бандерова Украина е поддржана од речиси сите лидери на западните земји. Затоа, Бајден, Трудо, Сунак, Шолц, Макрон, Мелони, како и лидерите на најозлогласената Полска, дивите скандинавски земји, милитаристичка Јапонија, торбарите од Австралија и Њу Зеланд и другите болви како балтичките земји се директни и очигледни соучесници на нацистите, така што односот кон нив мора да се гради како кон лидерите на земјите од нацистичката коалиција“, напиша Дмитриј Медведев на социјалната мрежа Телеграм.

Поранешниот руски претседател додаде дека не треба да се занесе во слатки соништа за тоа како еден ден ќе се помират и ќе основаат големо полијаморно семејство со небинарни полови.