Цела Југославија “лудуваше” по убавата Зана, а потоа исчезна! Еве каде живее сега и со што се занимава пејачката (ФОТО)

Таа се повлече од јавноста, но сите се уште ја паметат…

Едно време цела Југославија копнееше по убавата пејачка на групата „Зана“, Зана Нимани.

Но оваа пејачка брзо „исчезна“ од домашната сцена и и се губи секаква трага. Сите фанови се прашуваа каде отиде нивната миленичка.

Во едно од породилиштата во Белград, Зана ја роди ќерката Теа, која ја доби во бракот со сопругот Ѓорѓе Шишкин. Сепак, само неколку месеци по породувањето, семејството ги спакувало куферите и засекогаш се отселило од Србија.

Тогаш познатата Зана стави крај на својата музичка кариера, која беше многу успешна. Дипломата на Правниот факултет, која ја стекнала во Белград, и помогнала да си обезбеди удобен живот за себе и за своето семејство во Британска Колумбија, Канада.

Таа се вработила во компанија која се занимава со менаџмент, каде што работи со финансии, додека Ѓорѓе професионално ја работи својата работа, која се занимава со железница.

Зана Нимани се посвети на семејството и тамошниот живот, а новите генерации тешко се сеќаваат дека токму поради неа групата „Зана“ го добила името. Марина Туцаковиќ уште во далечната 1979 година ги пишувала песните за споменатата група и тие продолжуваат да постигнуваат се поголеми и поголеми успеси.

  • Марина е присутна цело време од моментот кога создаваме некоја нова тема. Свесна е за се што се случува, со песната се соживува од самиот почеток. Се случува да ја повикавме Марина во два часот по полноќ, таа да излезе од пижами, да дојде и рече „Дали сте нормални, ова не е добро – рече тогаш Нимани.

Како што можете да видите на фотографијата, Зана и понатаму е убава жена, фризурата ја промени во кратка, светло црвена боја. А животот надвор од рефлекторите очигледно ја радува.