Цела Југославија ѝ се восхитуваше, мажите паѓаа во транс: Таа беше омажена за рибар, преживеа пекол со него, а денес изгледа одлично (фото)

Ана Сашо важеше за една од најубавите жени на Балканот и предизвуваше воздишки кај многу мажи. Иако сè уште е неверојатно убава, таа немаше среќа во љубовта.

Ана во 1982 година ја освои титулата Мис на Југославија, а на изборот за Мис на светот се најде меѓу 15-те најубави.

Таа се занимаваше со манекенство низ целиот свет, но на овие простори сè уште ја паметат по рекламата за освежителен пијалок во кој скока во вода облечена само во мокра маица.

Ана беше во брак со ,,кралот” на сплитскиот ноќен живот, Ненад Баре Теклиќ. Тој го возел првото ,,Порше” во Сплит бил во шема со Дорис Драговиќ и за околу триесет години отворил десетина од најдобрите кафулиња и клубови во Далмација. Тој загина пред неколку години во сообраќајна несреќа.

Убавата манекенка бесрамно ја изневерил нејзиниот втор сопруг, рибар и адвокат, кој шетал млади девојки низ центарот на Сплит. Таа го оставила, а две години по разводот Франчески бил уапсен бидејќи во неговиот стан девојки од организирана група се занимавале со проституција .

Ана Сасо често објавува свои фотографии на својот Инстаграм и покажува како ужива во животот, а многумина коментираат дека изгледа неверојатно убаво во својата 6-та деценија.