Целосен шок за Хрватска на Мундијалот: Дувњак во солзи отиде во соблекувалната

Капитенот на хрватската ракометна репрезентација Домагој Дувњак се повреди на стартот од натпреварот од второто коло на Светското првенство против Аргентина.

Дувњак во осмата минута од мечот го напушти паркетот, малку куцаше кон клупата, по што лекарите му помогнаа во соблекувалната.

Искусниот ракометар почувствува болка во потколеницата и во солзи отиде во соблекувалната.

Инаку, ова му е последно големо натпреварување со репрезентацијата, со оглед на тоа што има 36 години, а зад него се бројни успеси, меѓу кои и последниот – среброто од ЕП 2020.

На првиот меч со Бахреин постигна два гола, а слично му се случи и на ЕП 2018 кога се повреди на воведниот меч против Србија.