“ЦЕЛТА Е ЕЛИМИНАЦИЈА НА ХАМАС!“ – Министерот за одбрана на Израел порача: “Војната ќе биде поделена на три фази“

Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант претходниот ден изјави дека израелската војна против Хамас ќе биде поделена во три фази, а целта е елиминација на таа терористичка група преку уништување на нејзините воени и инфраструктурни капацитети, како и целосно отстранување на секоја одговорност што ја има Израел над Појасот Газа со создавање нов „безбедносен режим“ во тој регион.

Јоав Галант, на состанокот на Комитетот за надворешни работи и одбрана на Кнесетот, кажа дека целта на првата фаза е да се убијат оперативците на Хамас и да се уништи инфраструктурата за да се уништи палестинската терористичка група, пренесоа странските медиуми.

Ние сме во првата фаза, во која се одвива воена кампања со воздушни напади, а подоцна и (копнена) маневар насочен кон уништување на оперативци и оштетување на инфраструктурата за да се победи и уништи Хамас“, изјави Јоав Галант.

Тој вели дека после тоа борбите ќе бидат помалку интензивни, нагласувајќи дека последната фаза од конфликтот ќе вклучува „создавање нов безбедносен режим во Појасот Газа, отстранување на одговорноста на Израел за животот во Појасот и создавање на нова безбедносна реалност за граѓаните на Израел“.

Јоав Галант им кажа на израелските војници собрани во четвртокот во близина на границата со Газа дека наскоро ќе ја видат опколената енклава „од внатре“.