Цел свет се чуди зошто актерите од „Пријатели“ не проговорија за смртта на Метју Пери: Ова е причината! (фото)

По вестта за смртта на актерот Метју Пери, кој ќе остане запаметен по улогата на Чендлер во серијата „Пријатели“, се огласија многу луѓе од светот на шоу-бизнисот.

Актерката Гвинет Палтроу на своите социјални мрежи напиша дека секогаш ќе се сеќава на едно лето поминато со него. Познатата пејачка Адел на извесно време го прекина концертот, а голем број колеги и обожаватели преку социјалните мрежи се збогуваат со прерано починатиот актер.

Сепак, најочекуваната реакција од неговите колеги од серијата „Пријатели“ сè уште не пристигнала.

Според Дејли Мејл, најверојатната причина е тоа што петорката составена од Џенифер Анистон, Лиза Кудроу, Дејвид Швимер, Мет Лебланк и Кортни Кокс подготвуваат официјално соопштение за медиумите кое наскоро ќе го споделат.

Скршени од болка

,,Пријатели“ се снимаше и емитуваше од 1994 до 2004 година, а и денес овој ситком е еден од најгледаните ширум светот.

Кинси Шофилд, дописник на шоубизот, изјави за GB News дека „ѕвездите подготвуваат заедничка изјава“ и се очекува да ја споделат со јавноста „во наредните денови“.

– Според извори, тие се скршени од болка од смртта на Метју Пери. Тие велат дека тој бил нивниот брат кој жестоко го штителе во некои од неговите најтешки моменти.

Исто така, никој не очекуваше дека ова ќе се случи бидејќи се чувствувше подобро и беше во своите најдобри години – истакна овој дописник.

Фотограферите успејаа да направат слика од Дејвид Швимер (Рос во „Пријатели“) пред домот на Менхетен во неделата, ден по смртта на Метју.

Излегол надвор од куќата за да ја земе храната. Тој имаше капа на главата, го покри лицето со црна маска, а на папараците им покажа два прста кои симболизираат мир.