Во Лас Вегас изграден хотел, реплика на Венеција, еден од најромантичните градови во светот

 – Гламурозниот хотел во Лас Вегас, Невада, наречен „Венетијан“ (Venetian) е реплика на еден од најромантичните градови во светот – Венеција.

Изградбата на оваа италијанска фантазија во срцето на Лас Вегас чинела неверојатни 1,6 милијарди долари.

Со цел на најдобар можен начин да пренесат што повеќе детали од Венеција, архитектите на овој проект неколкупати патувале во волшебниот италијански град.

Во Лас Вегас сега може да видите некои од најинтересните градби и локации на Венеција, како што се: Мостот на воздишките (во вистинска големина), Плоштадот Свети Марко со десетици тераси и кафулиња, живописни фасади како оние во Венеција и вистински водни канали.

Во состав на хотелот се наоѓаат најдобрите италијански продавници, како и италијански деликатеси и специјалитети.

Исто така, може да се најми гондола во кои гондолиерите пеат италијански песни.