Српскиот шампион го загуби местото меѓу стативите, што му беше соопштено на крајно чуден начин
Српските медиуми Курир и Телеграф оваа среда дознаваат дека Милан Борјан, голманот на Црвена Звезда и на канадската фудбалска репрезентација повеќе нема да биде прв избор за голман на мрежата на белградскиот клуб, односно дека клубот Маракана планира да се ослободи од него. Борјан не е во плановите на новиот тренер на белградскиот клуб, кој пристигна во мај, Израелецот Барак Бахар, а тоа преку телефонски повик му го соопшти стратегот.
Бахар го информирал Борјан дека не го гледа како прв голман и дека ќе бара ново решение. Тоа би можело да значи дека искусниот 35-годишен канадски голман ќе ги напушти редовите на српскиот шампион во потрага по клуб каде редовно ќе настапува. Имено, Борјан сака да игра за Канада, која ќе биде домаќин на Светското првенство во 2026 година и дотогаш мора да има одредена минутажа.
Борјан е роден во Книн, за кој рече дека е во „Српска Краина“, а редовен е во Црвена Звезда од 2017 година. Во кариерата бранеше и за Рад, Сиваспор, Васлуи, Лудогорец, Раднички Ниш и Корона Киелце.
За канадската репрезентација играше 72 пати, а имаше и три настапи на Светското првенство во Катар во 2022 година. На еден од нив прими четири гола против Хрватска во поразот од Канада од 4:1, кога со кревање три прста ги испровоцира хрватските навивачи.