„Црвените“ кажаа „НЕ“ на историската понуда: Ливерпул не ги сака парите од Саудијците, стоп за заминувањето на Салах

Клубот од Енфилд му кажа „не“ на саудискиот Ал Итихад кој понуди 175.340.000 евра за асот од Египет.

Мохамед Салах засега останува во Ливерпул, но како што Саудијците се однесуваа во претходните случаи со зголемување на понудите за посакувани играчи, не е исклучено овој трансфер да се реализира на крајот.

Сепак, на Ливерпул не му се брза! Доколку ја прифатеа оваа понуда, тоа ќе доведеше до реализација на третиот најскап трансфер во историјата на фудбалот. Зад би бил трансферот на Филипе Кутињо од Ливерпул во Барселона за 145.000.000, а пред него би бил трансферот на Килијан Мбапе од Монако во ПСЖ за 180.000.000 и Нејмар од Барселона во ПСЖ за 222.000.000.000 евра.

Ал Итихад, моментално водечки тим во првенството на Саудиска Арабија со сите четири победи во лигата.

Летово ги доведоа Карим Бензема од Реал Мадрид, Фабињо од Ливерпул и Нгол Канте од Челзи. За обештетување потрошија само 75.800.000 евра, а како слободни дојдоа Бензема и Канте.