ФОТО | Ова е најскапата раса на куче во светот, чини и до два милиони долари

Најскапото куче што е продадено во светот е златно куче од тибетски мастиф за кое еден Кинез платил дури два милиони долари. Во моментот на продажбата кучето тежело 90 килограми и било високо 80 сантиметри.

Терминот мастиф Европејците го користеле за сите крупни раси на кучиња, па се применувал и на оваа раса, која всушност е тибетско планинско куче или хималајско планинско куче. Како што сугерира името, расата потекнува од Тибет, каде што (вклучувајќи го и регионот на Хималаите) се користеле како кучиња чувари на добиток, но и за домовите на нивните господари. До средината на 20 век, расата, која е позната и како Do Khyi, била речиси непозната во Европа, а европските одгледувачи се најодговорни што не изумреле.

По спектакуларната продажба од два милиони долари, одгледувачите почнаа да ги одгледуваат овие кучиња, но се покажа дека се многу скапи за одржување. Тибетскиот мастиф не е куче за секого бидејќи неговата социјализација одзема многу време.

Овој вид се смета за една од најздравите раси на кучиња, имајќи предвид дека во текот на процесот на еволуција бил отпорен на повеќето болести. Неверојатен факт е дека во текот на својот живот, во повеќето случаи, оваа раса на кучиња не боледува од никаква болест.