ЦРНАТА МЕСЕЧИНА започнува во знакот Лав и носи НЕПРИЈАТНИ вести и сиромаштија – астрологот особено ПРЕДУПРЕДУВА за вечерните часови

Хороскопот ги предупредува сите знаци на Зодијакот за аспектот кој носи турбуленции, а најмногу ќе бидат погодени семејните и партнерските односи.

–  Понеделникот го започнуваме  со Месечината во Лав, која формира напнат аспект кон Уран и Меркур, па можете да очекувате непријатни вести и разговори кои ќе ви го нарушат мирот и зоната на удобност. Лесно се случуваат неочекувани ситуации и поместување на плановите.

Доколку одите на пократко патување, можни се доцнења и непредвидливи околности. Предизвици има со документацијата, сообраќајот и комуникацијата, како и со интернетот и струјата. Ако можете, одложете ги важните разговори за друг ден. Се препорачува да го промените текот на разговорот кога ќе наидете на недоразбирање, како и да иницирате некаква промена во себе во однос на вашата вообичаена рутина.

Вечерта Месечината преминува во знакот Девица и ќе направи спротивставеност со Сатурн, која носи грижи, проблеми, пречки поврзани со здравјето, работата или некој личен однос во кој има дистанца. Поволниот аспект помеѓу Венера и Плутон ви дава сила и мотивација да се движите и да направите промени на полето на здравјето, работата, финансиите и емотивните односи.

Работите не можат и не треба да останат исти, но мора да се ослободите од нешто старо и да имплементирате нешто ново во вашиот живот – изјави астрологот Јасмина Митровиќ за порталот Србија Данас .