ЦУК: “Активни пет пожари на територија на државата“

Пет пожари се активни на територија на државава, информира изутринава Центарот за управување со кризи.

Во oпштина Долнени има три пожари: кај село Зрзе со еден крак во село Рилево и еден крак во село Сливје, и кај селата Кошино и Костинци. Пожар има и во село Бељаковце во oпштина Куманово и во село Долна Ѓоновица во oпштина Гостивар.

ЦУК соопшти дека вчера биле регистрирани вкупно 49 пожари и се изгаснати 44.