ЦУК: Пожарот што вчера избувна во с. Дебреште не е повеќе активен

 Регионалниот Центар за управување со кризи – Битола, известува дека противпожарните тимови, што се на терен од утрово, информирале дека не се забележува активност на пожарот што вчера избувна во село Дебреште и се прошири кон село Кошино.

– Конкретно, утрово, заради контрола и превентивно дејствување, биле испратени осум пожарникари со две противпожарни (ПП) возила и четири вработени во подружницата на ЈП „Национални шуми“ од Прилеп, на местото на пожарот, се вели во соопштението од ЦУК.

Од ЦУК, посочуваат дека со интервенцијата на надлежните, пожарникарите од ТППЕ и од подружницата на ЈП „Национални шуми“ од Прилеп, на трите воздухоплови на ДЗС, а и ангажман на месното население, вчера е спречено ширењето на пожарот и загрозување на околните населени места во близина на пожарот.