Чарлс Трети за крунисувањето побарал грчки црковни песнопенија

Крунисувањето на кралот Чарлс Трети од Велика Британија во мај годинава ќе биде придружено со музички дела од различни жанрови и стилови. Ова се наведува во соопштението на Бакингемската палата, пишува  Њујорк пост.

Меѓу музичките дела ќе бидат изведени дела напишани специјално за свеченоста – шест оркестарски, пет хорски и еден на инструмент. Една од химните за крунисување е напишана од композиторот Ендрју Лојд Вебер.

„Изборот на музички стилови и изведувачи ќе ги спои традицијата, наследството и церемонијалните практики со современите музички влијанија, одразувајќи ја неговата доживотна љубов кон музиката и неговата поддршка за музиката и уметноста“, се вели во соопштението на кралската палата.

Забележано е дека Чарлс III побарал во програмата да бидат вклучени грчки црковни песнопенија во знак на почит кон споменот на неговиот татко, принцот Филип, кој потекнува од грчко-данската кралска династија. Тој почина во 2021 година.

Една од литургиите ќе се изврши на велшки јазик за да се прослави долгогодишната љубов на Чарлс III кон Велс.

На крунисувањето ќе бидат изведени и дела од композиторите Фредерик Хендл, како и од англиските класици Едвард Елгар, Хуберт Пари и Ралф Вон-Вилијамс.