Честитка од Ковачевски по повод 19 години од постоењето на ССК

– Премиерот Димитар Ковачевски вечерва, преку својот фејсбук профил, упати честитки по повод 19 години од постоењето на Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК).

-Како еден од клучните двигатели на економскиот раст, бизнис заедницата има сигурен и стабилен партнер во Владата, за заедно и понатаму да креираме мерки за подобро бизнис опкружување. Интеграцијата на земјата во ЕУ и работата по современи стандарди, кое стопанството го поддржува, ќе значи и повеќе инвестиции, поголем извоз и нови вработувања, напиша Ковачевски.