ЧЕСТИ ЗЕМЈОТРЕСИ: Научниците открија дека Месечината се намалува, а тоа ќе има последици за идните планови
Научниците забележале дека Месечината се намалила и дека овој процес се уште трае, што ќе влијае на човечките мисии на овој сателит на Земјата.
Анализата на податоците собрани од орбитерот „Лунар“ на НАСА покажува дека Месечината систематски се намалува, што, според научниците, веројатно е резултат на ладењето на нејзиното јадро.
Тоа води не само до создавање на нови пукнатини на површината на Месечината, туку и до чести земјотреси, наведуваат научните портали.
Истражувачите открија дека земјотресите се една од причините зошто обемот на Месечината се намалил за повеќе од 50 метри во последните неколку стотици милиони години.
Со цел да утврдат колку земјотресите всушност влијаат на стабилноста на Месечината, научниците ги споредија податоците од ерата на мисиите „Аполо“ во 1960-тите и 1970-тите.
Како што објаснуваат авторите на студијата, површината на Месечината е сува, составена од чакал и прашина. Распуштените седименти прават многу веројатни тресење и лизгање на земјиштето. Ова може да влијае не само на иднината на Месечината, туку и на иднината на човечките мисии на таа планета.
Научниците предупредуваат дека земјотресите на Месечината би можеле да бидат доволно силни за потенцијално да ги оштетат структурите што луѓето би ги изградиле таму.
Затоа, пред луѓето да се вратат на Месечината и таму да изградат некаква база, ќе биде неопходно внимателно да се проучи каде сеизмичката активност е најголема и каде е безбедно да се изгради резиденција.