Четирикратниот светски шампион загина во Украина: Зад себе ги остави сопругата и двегодишната ќерка (ФОТО/ВИДЕО)

Тој беше член на Десниот сектор, украинска екстремно десничарска паравоена организација.

Виталиј Меринов (32) загина борејќи се со руската војска во Луганск.

Беше четирикратен светски шампион во кик-бокс.

Тој се приклучил на украинската армија како доброволец од првиот ден од 400-дневната војна, но и пред конфликтот со Русите бил истакнат украински националист. Тој веќе бил ранет за време на борбите, но се враќал во единицата.

Виталиј Меринов беше член на Десниот сектор, украинска екстремно десничарска паравоена организација.

На социјалните мрежи сподели фотографии со членовите на таа злогласна воена формација, а неколку пати го посети и Стари Угринов, родното место на Степан Бандера, украинскиот нацист од Втората светска војна.

Велат дека човекот живее додека го паметат. Се сеќаваме и го цениме придонесот за формирањето на украинска Украина на сите херои на нашата нација. Слава на Украина – напиша Меринов во јануари 2021 година.

Виталиј Меринов зад себе ги остави сопругата и двегодишната ќерка.

На веб-страницата на претседателот на Украина, Володимир Зеленски, беше објавена петиција за постхумно доделување на титулата Херој на Украина на Виталиј Меринов.