,,Човечки изрод кој ме злоставуваше мене и мајка ми!“ Нуркиќ на брутален начин му одговори на татко му: Збесна поради изјавата, па не бираше зборови!

Најдобриот кошаркар на Босна и Херцеговина, Јусуф Нуркиќ се ожени со избраничката Емина Ѓуриќ.

Таткото на Јусуф, Хариз, кој жестоко го критикуваше неговиот син, не присуствуваше на венчавката.

„Жал ми е, но не можев да влијаам. Жал ми е, ова е голем срам за мене, а треба да е срам и за него, особено што тој е јавна личност. Без разлика што е претставуван како таква величина од човек, тој од 2017 година не разговара со својот татко – изјави Хариз Нуркиќ за „Аваз.ба“.

Во оваа прилика се огласи и кошаркарот кој на Фејсбук упати низа навреди кон својот татко.

„Мајка, брат, дедо. За насилниот биолошки татко, насилникот на мајка ми, чиј бубрег и’ откажува поради неговото тепање. Човечкото суштество кое цел живот ме малтретираше мене и мајка ми беше. Тој е отстранет од нашите животи поради многу сериозни и реални работи. Моето семејство е тие што се овде со мене“, напиша Јусуф Нуркиќ на Фејсбук.