Шведската компанија „Автолив“ планира да отпушти 8.000 работници

„Аутолив“ наведува дека до 2025 година ќе бидe отпуштенa 11 % од работната сила на компанијата

Шведската компанија „Аутолив“, водечки светски производител на безбедносни појаси и воздушни перничиња, одлучи да затвори голем број фабрики во Европа и да отпушти околу 8.000 вработени поради растечките трошоци.

Во соопштението на „Аутолив“ се наведува дека до 2025 година ќе бидат отпуштени 8.000 луѓе, со цел да се намалат трошоците, првенствено во Европа.

Се додава дека тоа значи отпуштање на околу 11 % од работната сила на „Аутолив“.

Во соопштението се наведува дека мерките за намалување на трошоците вклучуваат и затворање на неколку фабрики во Европа.