Шведскиот рапер почина откако беше застрелан на паркинг, убиецот снимаше се

Шведскиот рапер Нинос Мозес Кури, попознат како Габоро, почина на 24-годишна возраст откако беше застрелан на паркинг. Убиецот снимил се, а вознемирувачкото видео кружи на социјалните мрежи.

Полицијата во четвртокот околу 20 часот била информирана за пукањето на паркингот во центарот на Норшепинг. Кога пристигнале, полицајците го нашле Габор со прострелни рани.

Според полицијата, се уште нема уапсени, а потрагата по убиецот продолжува. Локалниот весник Expressen објави дека Габоро бил осуден за помали прекршоци поврзани со дрога и дека имал врски со банди.

Габоро почна да се занимава со музика во 2022 година, кога ја објави песната „BOGOTA“, која има повеќе од осум милиони слушања на Spotify.

Во истиот период, тој стана познат на TikTok благодарение на песната „Browski“. Носењето фантомки беше негов заштитен знак.