Шесто издание на МЕФ Енергетскиот Форум 2023

Заменик претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, денеска ќе се обрати на шестото издание на МЕФ Енергетскиот Форум 2023 што се оддржува под негово покровителство.

На настанот во организација на ЗИП Институт, во партнерство со Владата и Делегацијата на ЕУ во Скопје, денеска и утре високи претставници на власта, функционери од регионот, домашни и странски енергетски компании, меѓународни органиазации и граѓански организации ќе дискутураат на тема „Подобрување на триаголникот: Политики-Финансии-Енергетска технологија за енергетска отпорност и зелена транзиција“, информира владината прес-служба.