Шест лица загинаа во бомбашки напад во Дамаск

– Најмалку шест лица загинаа, а 23 се повредени од експлозија на бомба поставена во мотоцикл паркиран во близина на такси-возила во подрачјето на градот Дамаск.

Повикувајќи се на соопштение на Министерството за внатрешни работи, сириската новинска агенција САНА објави дека експлодирала бомба поставена во мотоцикл во местото Сејед Зејнаб.

Полицијата и надлежните служби се упатени на местото на настанот, се вели во соопштението.

Ниту една група не ја презеде одговорноста за експлозијата.