Шефовите на ЦИА и на Мосад во Катар преговараат за продолжување на примирјето

Шефот на израелската разузнавачка агенција Мосад, Дејвид Барни и директорот на американската разузнавачка агенција Вилијам Барнс се во Катар, каде што преговараат за ново продолжување на примирјето меѓу Израел и Хамас и ослободување на дополнителен број заложници, објавија официјалните лица, пишува „Гардијан“.

Дипломат, кој сакаше да остане анонимен, потврди дека Барнс и Барни денеска отпатувале во Катар. Официјални лица од Египет, кои служеа како посредници во разговорите заедно со Катар, се приклучија на разговорите, рекол тој.

Состанокот треба да биде посветен на „ажурирање на напредокот на договорот за продолжување на хуманитарната пауза, но и на иницирање понатамошни дискусии за следната фаза од потенцијалниот договор.

Израел и Хамас во понеделникот се согласија да го продолжат привременото примирје за уште два дена, до среда, отворајќи го патот за ослободување на уште 20-тина луѓе кои беа заложници на палестинската милитантна група.