Шминка и на плажа? Вдовицата на Оливер ги покажа новите костими за капење и ја спомна сопствената тежина! Доби еден малку поинаков коментар (ФОТО)

Државната секретарка Милена Поповиќ, вдовица на брутално убиениот политичар од Косово и Метохија Оливер Ивановиќ, на Инстаграм објави слики од годишниот одмор каде позира во нови костими за капење.

Дестинацијата сè уште не е позната, иако од фотографиите оддалеку наликува на Јадранот.

Во една од објавите таа се осврна и на тоа што „велат за килограмите“ без да прецизира дали некој и’ го рекол тоа или така се смета според нејзината висина.

Таа го напиша следново:

,,Велат дека ми требаат 5-7 килограми помалку за да ја достигнам идеалната тежина. И, здрава сум. Задоволна. Сакана. Среќна. Нели е тоа идеално?”, напишала на таа социјална мрежа, а меѓу коментарите беа зборовите на една госпоѓа која и’ кажа вака:

,,Сите ти ласкаат, јас ќе ти го кажам моето искрено мислење. Ти си многу убава жена, но навистина имаш вишок килограми. Се гледаш и самата дека имаш голем стомак во костимот за капење. Ако си задоволна од својот изглед, јас Ве советувам да го промените стилот на облекување. Можам да го прилагодам вашиот стил, витките девојки си го дозволуваат тоа, вака изгледа вулгарно“.