Шмркаа и по 10 грама кокаин! Кокаин и фудбал – има некоја тајна врска: Тие беа мајстори во фудбалот, но сакаа и ,,да цртаат линии!” (фото/видео)

Светската јавност беше шокирана од вестта дека легендарниот аргентински фудбалер Клаудио Канига е обвинет дека ја силувал поранешната сопруга Маријана Нанис.

Славниот Аргентинец со фудбалска топка можеше сеќè, но зависноста од кокаин го одведе на темната страна. За жал, тој не е ниту првиот ниту последниот познат фудбалер кој подлегнал на ова зло и си го уништил животот и кариерата.

Големиот Клаудио Каниџа, огромните пари што ги заработи ги потроши на кокаин..

Во 1992 година Каниџа падна на нарко тест додека играше за Рома. Тој беше суспендиран на 13 месеци. Покрај неговата неверојатна брзина и голови, популарниот „Син на ветрот“ остана запаметен и по неговата позната изјава:

Ако кокаинот е дрога, тогаш јас сум наркоман“.

Интересно е што суспензијата не значеше крај на кариерата за брзоногиот напаѓач. Напротив, веднаш по истекот на казната, Каниџа се пресели од Рома во Бенфика на позајмица, а целата размена ја финансираше познатата компанија за производство на млеко „Пармалат“.

Каниџа е играч кој уживаше на теренот, но сакаше и опуштен живот.

Дали знаете каков играч ќе бев да не користев кокаин? Таков каков што немате видено!?

Познатата изјава на Диего Армандо Марадона од 2008 година сè уште им одѕвонува во ушите на фудбалските фанови.Така Марадона зборуваше за наркотикот кој го консумирал во фудбалската кариера, а тешко му одолеа дури и кога беше во пензија.

Најголемата аргентинска фудбалска ѕвезда и еден од најдобрите фудбалери на сите времиња почна да се поврзува со кокаин уште додека настапуваше за Наполи.

Тој верувал дека е недопирлив поради кокаинот и набрзо западнал во сериозни неволји.

Прво, на 17 март 1991 година, тој беше позитивен на кокаин по натпреварот против Бари. Беше најдобар во светот, а беше казнет со 15-месечна суспензија. Од тоа никогаш не се опорави, никогаш не се врати на своето највисоко ниво, иако ги уверуваше сите околу него дека првиот контакт со дрога му е во Барселона, кога се опоравуваше од тешката повреда на зглобот.

Во април истата година бил уапсен поради поседување дрога во својата татковина. По аферата, тој успеа да се врати во репрезентацијата за која играше брилијантно на Светското првенство во 1994 година.

Во август 1997 година, додека играше за Бока, тој беше повторно тестиран и повторно беше позитивен. Тоа беше крај на фудбалската бајка бидејќи Диего се соочи со двегодишна забрана.

И Англичаните не беа имуни на проблемите со дрогата. Проблеми со пивото и брзата храна имало во соблекувалните на екипите на Островот во 90-тите, но не бил избегнат ниту кокаинот.

Пол Мерсон, една од ѕвездите на лондонски Арсенал, заврши на програма за рехабилитација. Австриецот Марк Босниќ, поранешен голман на Манчестер Јунајтед, Астон Вила и Челзи призна дека консумирал по 10 грама кокаин дневно!

Љубителите на фудбалот никогаш нема да ја заборават легендарната прослава на иконата на Ливерпул – Роби Фаулер. Во 1999 година, одличниот фудбалер постигна гол на градското дерби против Евертон, а го прослави симулирајќи шмркање кокаин на теренот. Тоа беше неговиот оригинален одговор на насловите на весниците во Англија… Медиумите таму го опишаа како ,,тврд” човек кој сака да користи кокаин.

Романецот Адријан Муту бил познат и како голем љубител на оваа опојна дрога. Кога играше за Челзи, Мурињо нареди антидопинг тест меѓу играчите и Муту падна. Сините го избркаа и тој мораше да врати 22 милиони колку што му беше заработката во клубот.

Ескобар беше убиен од дилери

Колумбискиот репрезентативец Андрес Ескобар беше убиен од дилери на кокаин по елиминацијата на Колумбија од Светското првенство во 1994 година.

,,Животот не завршува тука“, изјави Ескобар по автоголот и болниот пораз на неговиот тим …