ШОКАНТНО ВИДЕО – Му ја отсекла главата на љубовникот за време на секс, а потоа бесна го нападнала сопствениот адвокат

Ескалацијата се случи откако Џоли побара одложување за да докаже дека клиентот не бил здрав во моментот на убиството

Жена од Висконсин обвинета дека го обезглавила својот љубовник се нафрлила на сопствениот адвокат за време на судењето и го удрила во главата. 25-годишната Тејлор Шабизнис го нападна адвокатот Квин Џоли, откако судијата предложи да се одложи судењето за два месеци за грозоморниот случај за убиство, пишува Њујорк пост.

Шокантните снимки од спонтаниот и насилен испад го покажуваат Шабизнис како мирно седи во судницата во Грин Беј додека судијата Томас Џеј Волш препорачува судење на 15 мај наместо на 6 март. Налутена од одлуката, обвинетата за убиство се нафрла кон адвокатот што седи до неа и го удира со лактите и врзаните зглобови.

На хаотичното видео се гледа дека таа набрзо била соборена на подот од обезбедувањето. Среде борбата Шабизнис остана без чевлите, а потоа стапалото и се заглави во појасот на обезбедувањето. По неколкуминутна тепачка, уште двајца обезбедувачи дошле да ја задржат девојката додека не се смири.

Бизарната ескалација дојде откако Џоли побара одложување за да докаже дека неговата клиентка не е разумна кога го уби 25-годишниот Шад Тирион во февруари 2022 година. Шабизнис го обезглавила Тирион за време на секс и продолжила да врши сексуални дејствија врз неговото безживотно тело. Таа му го осакатила телото со назабен нож за леб, отсечената глава и пенисот ги ставила во кофа, а другите делови од телото во тенџере кое го оставила мајка му да ги најде.

Жената, мажена за друг маж, била пронајдена во крв од полицијата. Таа им рекла на полицајците дека ќе се забавуваат додека не ги најдат сите органи. Шабизнис рече дека таа не е виновна за нејзината ментална болест, но им призна на полицајците дека полудела за време на смртоносното дивеење.

Таа им кажа на детективите дека таа и Тирион пушеле метамфетамин пред да одат во куќата на неговата мајка каде што планирале да имаат секс користејќи синџири. Таа рече дека немала намера да го убие, иако признала дека седела на жртвата и „чекала да умре“ додека тој искашлал крв.

  • Да, ми се допадна, изјави Шабизнис за гушењето на Тирион.

Џоли му кажа на судијата дека му треба повеќе време за експертот да го разгледа случајот и да сведочи за компетентноста на неговиот клиент. На Шабизнис претходно и беше дијагностицирано биполарно растројство, за кое добива терапија од седмо одделение, а сега се соочува со обвиненија за убиство од прв степен, осакатување на труп и сексуален напад од трет степен.