Шок во Монако! Алкараз се повлече од турнирот ден пред неговиот меч

Карлос Алкараз се откажа од Мастерсот во Монте Карло! Ненадејната одлука ги шокираше љубителите на тенисот, а шпанскиот тенисер на својот Твитер објасни дека се обидел да се опорави, но не успеал.

Алкараз и лани не играше во Монте Карло, а ова повлекување може да му користи на Новак Ѓоковиќ, бидејќи Алкараз беше на пат кон потенцијално финале и требаше да играат во полуфиналето.

Исто така, Алкараз останува без потенцијални 1.000 бодови, во случај да го освои турнирот, па на Новак му е полесно да го одбрани првото место во текот на сезоната на земја.

– Работев во Монте Карло и до последен момент се обидував да се опоравам од повредата на мускулот на десната рака, но тоа не беше можно и не можам да играм. Со нетрпение очекував да играм… Се гледаме следната година – напиша Алкараз.