Шок! НБА без милост, Портер доживотно суспендиран поради обложување

НБА одлучи, кошаркарот на Торонто Репторс, Џонтај Портер е доживотнo суспендиран во оваа лига, бидејќи беше фатен во обложувачки скандал.

Џонтај Портер, играчот на Дарко Рајаковиќ и брат на ѕвездата на Денвер, Мајкл Портер Јуниор, повеќе нема да може да игра во НБА, а сето тоа затоа што бил фатен во голем скандал со обложување, бидејќи и самиот учествувал во местењето.

Првиот случај наводно се случил на 26 јануари, кога се обложиле на него и тој не играл поради повреда. Потоа истото се случи и на 20 март, кога го напушти теренот поради наводна болест. Облозите на неговите резултати достигнаа по десетици илјади долари.

Поради ова, НБА одлучи да го суспендира доживотно.

Сепак, Џонтај Портер во иднина ќе може да се обиде во Европа или Азија…