Тој тврди дека токму претседателот на Русија, Владимир Путин ја запрел испораката на гас преку постоечкиот гасовод
Германскиот канцелар Олаф Шолц тврди дека Русија предизвикала пораст на цените на гасот во Европа во 2022 година, откако рускиот претседател Владимир Путин го прекина снабдувањето. „Цените на енергијата пораснаа насекаде“, рече Шолц, говорејќи на конгресот на Социјалдемократската партија на Германија за последиците од војната во Украина, која започна во февруари 2022 година.
Тој тврди дека токму претседателот на Русија, Владимир Путин ја запрел испораката на гас преку постоечкиот гасовод. „Во Европа недостигаа вкупно 120 милијарди кубни метри гас“, рече Шолц, додавајќи дека тоа има последици по цените, пренесе Тас.