Шоу во колата на Вучиќ: Министерот Мали му подготви изненадување, а потоа на цел глас испеа познат хит – Пораката е сосем јасна (видео)

Претседателот на Србија Александар Вучиќ и министерот за финансии Синиша Мали вечерва се прошетаа кај „Зимска бајка“, популарно место кое белграѓани го обожаваат, а видеото од ова излегување беше објавено и на ТикТок.

– Синиша е сликар, видеограф или што и да кажете. Со овие момци избегавме од обезбедувањето, ова е „зимска бајка“, погледнете колку луѓе изгледаат одлично, сите се среќни, спремни се за празниците – вели претседателот Вучиќ додека вози.

– Рече сè е супер, убедливо победивте, но вели за градот дајте им избори. Не можам да дадам, рече народот, државата не може да се сруши. Така кажа народот – посочува Вучиќ.

Ова се четири години мир, четири години напредок за Србија, додаде тој.

Мали потоа откри какво „изненадување“ подготвил и на радио ја пуштил песната на Лепа Брена „Четири године“ , на која пееле претседателот и министерот за финансии.