Шпанија во финалето на УЕФА Лигата на нации

Во вториот полуфинален натпревар одигран вечерва во Еншеде (Холандија), Шпанија го совлада големиот ривал Италија, со резултат 2:1.

Шпанската фудбалска репрезентација е вториот финалист во овосезонската Лига на нации на УЕФА каде ќе се сретне со Хрватска, пренесува Анадолија.

Во вториот полуфинален натпревар одигран вечерва во Еншеде (Холандија), Шпанија го совлада големиот ривал Италија, со резултат 2:1.

„Црвената фурија“ поведе со голот на Пино во третата минута, по кардиналната грешка на капитенот на „аѕурите“ Бонучи. Сепак, осум минути подоцна Италијанците го израмнија резултатот. За 1:1 погоди Имобиле од праведно досуден пенал.

Дуелот меѓу светските фудбалски велесили беше решен во 88. минута кога Хоселу одлично се снајде во шеснаесетникот на Италија и стана херој на Шпанците за конечниот резултат на натпреварот.

Во првиот полуфинален натпревар одигран синоќа во Ротердам, Хрватска по продолженијата го победи домаќинот Холандија со резултат 4:2. Во т.н во „редовниот“ тек на натпреварот беше 2:2.

Финалниот натпревар на Фајнл-фор турнирот од Лигата на нации на УЕФА во Холандија меѓу Хрватска и Шпанија се игра во недела на 18 јуни од 20:45 часот. Истиот ден од 15 часот е закажан и натпреварот за третото место меѓу Холандија и Италија.