Шпанските медиуми објавија: Џуд Белингем ќе ја добие наградата за најдобар млад фудбалер во Европа

Фудбалерот на Реал Мадрид и англиски репрезентативец Џуд Белингем ќе ја добие наградата „Златно момче“ која се доделува на најдобриот млад фудбалер во Европа, пишуваат шпанските медиуми.

Ова признание се доделува од 2003 година, а прв добитник е Холанѓанецот Рафаел ван дер Варт. Сите номинирани фудбалери мора да бидат помлади од 21 година. Наградата ја востанови италијанскиот спортски весник TutoSport. Во изборот учествуваат новинари од бројни европски медиуми.

Шпанските медиуми пренесуваат дека 95 отсто од новинарите гласале за фудбалерот на Реал Мадрид да ја добие наградата „Златно момче“. Џуд Белингем (20 г.) на 10. ноември и официјално ќе биде прогласен за најдобар млад фудбалер во светот, а наградата ќе ја добие на 4. декември. Минатата година наградата „Златно момче“ му припадна на фудбалерот на Барселона, Гави.