Последните фотографии на Метју Пери: Тој беше фотографиран минатиот викенд во Лос Анџелес (ФОТО)

Последен пат бил виден во јавноста на 21 октомври

Смртта на Метју Пери е тема број еден во светските медиуми, а од него преку социјалните мрежи се простуваат бројни колеги и обожаватели на популарниот актер кој почина на 54-годишна возраст . 

Пери беше пронајден мртов во неговата топла када во неговиот дом во Лос Анџелес. Екипата за итна помош го пронашла во несвест, а сите обиди за реанимација биле неуспешни. Се сомнева дека починал од срцев удар.

Починал по спортски активности

Метју последен пат беше виден во јавноста на 21 октомври.

Тој е фотографиран како излегува од ресторан во Лос Анџелес каде бил со пријател. Бил опуштено расположен, во тренерка, а од ресторанот излегол со чаша пијалок во рака.

Порталот ТМЗ пренесува дека актерот починал по одредени спортски активности. Имено, изворите рекоа дека вчера наутро бил на популарниот Пиклбол (игра слична на тенисот).