Штом најде нова девојка, таа веднаш забременува! Познатиот фудбалер е голем женкар: Има 39 години, а еве со колку жени има деца! (фото)

Познатиот перуански фудбалер Паоло Гереро (39) има крајно бурен љубовен живот.

Искусниот ас кој зад себе има исклучително успешна фудбалска кариера отсекогаш важеше за голем заводник, па често беше во центарот на вниманието поради романтичните врски со бројни атрактивни девојки.

Паоло Гереро

Посебно е интересен податокот колку различни жени родиле негови деца.

Гереро беше во врска со Алондра Гарсија Миро, се шпекулираше дека размислуваат за брак, а потоа одеднаш дојде до раскинување и фудбалерот започна врска со атрактивната Бразилка Ана Паула Кансорте.

Ана набрзо забременила и на почетокот на годината го родила Андре, синот на фудбалерот.

Тој доживеа еден од најзначајните моменти во животот кога неодамна го освои Купот Судамерикана со еквадорската ЛДУ Кита. Фудбалерот на теренот беше пречекан од неговата партнерка со бебе во рацете. Оваа емотивна средба привлече големо внимание во јавноста откако беше објавено дека Гереро ќе стане татко по петти пат.

Тој стана родител за првпат пред да наполни 20 години. Тој отиде во Баерн и ја запозна Бразилката Марија Ирене, која го роди неговиот прв син Диего Енрике Гереро.

Додека играше за ХСВ во 2011 година, ја запозна Германката Лариса, која набрзо забремени и го роди неговиот втор наследник Алесио Гереро.

Една година подоцна, тој имаше романтична врска со Катја Монтенегро, перуанска инженерка која ја роди ќерката Наела Гереро.

Така, популарниот „Предатор“ имаше четири деца со четири различни жени и сега го очекува своето петто дете.