Што е ова? Застрашувачко црно лигаво суштество од длабочините на морето испливало на брегот на Калифорнија

Експертите не можат да погодат зошто овој неман од темните длабочини на морето, чиј изглед влева страв во коските, се појавил по втор пат и тоа на истото место на плажата Лонг Бич каде што е пронајден пред две години.

Застрашувачко суштество од длабочините на морето испливало на истата плажа во Калифорнија по втор пат од 2021 година.

Неговата појава предизвикала љубопитност и стравопочит кај океанолозите, а кај населението владеела паника, пренесува People.

Пацифичка фудбалска риба, вид кој живее во темните длабочини на океанот, е пронајдена недопрена на брегот во државниот парк Кристал Коув во Лагуна Бич на 13 октомври, се вели во соопштението од калифорнискиот парк на Фејсбук.

„Во мај 2021 година, посетител на паркот нашол риба на брегот што предизвика голема возбуда. Две години подоцна, минатиот петок, на 13 октомври 2023 година, истата риба повторно се појави на светлината на денот. Што значи ова? , прашуваат експерти.

Одделот за риби и диви животни во Калифорнија планира подетално да го истражи ова суштество со морничав изглед.

Повеќе од 200 видови риба-риболовци талкаат по океаните ширум светот, велат експертите од Државниот парк Кристал Коув. Тие истакнуваат дека „само женките имаат долги антени на главите со биолуминисцентни врвови кои служат како мами за привлекување плен во матните длабочини на морето“.

Рибата има огромна уста која може да голта плен со големина на сопственото тело и заби кои личат на „шилести парчиња стакло“. Мажјаците се мали и постојат само за да се парат со женките кои растат и до 60 см: се закачуваат за женката со забите и се претвораат во паразити кои само оплодуваат и на крајот буквално ослепуваат со женката и ништо не останува од нивната форма. освен – тестисите за репродукција.

Гледањата на недопрени риби се ретки и не е познато како и зошто овие риби завршуваат на брегот.