ШТО Е СО НЕБОТО НАД БЕЛГРАД? ВО ШОК СЕ И ВО ХРВАТСКА И СЛОВЕНИЈА! Не е мистерија, погледнете ги магичните фотографии кои кружат на социјалните мрежи

Аурора бореалис е феномен кој се јавува во близина на магнетните полови на Земјата и се манифестира во форма на магловити ленти на светлина во различни бои.

Овој феномен е меѓу најубавите глетки што може да се видат и феномен кој отсекогаш ги фасцинирал луѓето.

Аурора бореалис најчесто се јавува во Алјаска, Канада, Норвешка, Данска и некои делови на Русија, но многумина беа изненадени кога ја видоа во Србија, пред се во Војводина, Хрватска, Босна и Херцеговина и Црна Гора.

„Аурора бореалис е видлива речиси до самиот југ на Европа, а може да биде така и следната вечер. Оваа фотографија е снимена во Босна и Херцеговина“, пишува @hailz_srbija.

Низ социјалните мрежи со брзина на светлината почнаа да се шират прекрасни фотографии од поларната светлина.

„Ова е прекрасно!“, „Не мора да одиме на Исланд“, гласат дел од коментарите.

Кој ја видел оваа необична појава, а не бил информиран, секако бил изненаден и дека црвеното небо над Војводина, но и Словенија и Хрватска му изгледало како мистерија.