ШТО МОЖЕ ДА БИДЕ ПОБИЗИРНО ОД ОВА?! Шок во Англија! Влетаа на теренот со ПОГРЕБЕН АВТОМОБИЛ и ја прекинаа играта! (ВИДЕО)

Крајно бизарен инцидент ја одбележа пријателската средба меѓу англиските нисколигаши Гејтсхед и Данстон.

Натпреварот беше прекинат кога маскирани навивачи со автомобили влегоа на теренот.

Работата да биде уште побизарна, едното возило било за погребни услуги, кое го користат гробарите за превоз на починатите.

Тие го обиколија теренот, а потоа ја оставија погребната кола во центарот, влегоа во друг автомобил и побегнаа.

Се уште не е познато каква порака сакале да испратат со овој бизарен чин.