Што правел инструкторот? Ужасна сообраќајка: Трамвај удрил во возило на автошкола (ВИДЕО)

Причинета е голема материјална штета

Сообраќајна несреќа се случила во Србија. Имено, трамвајот удрил во автомобил на автошкола што стоел на коловозната лента покрај пругите.

На видеото кое се појави на Инстаграм станицата „192_rs“ може да се види како трамвај удира во задната лева страна на „пежо“ со ознаки на автошкола при што му нанесува голема материјална штета.

Возилото на автошколата не се престроило правилно и се преселило во просторот наменет за возила на шини. Но, се поставува прашањето што правел инструкторот и дали возачот на трамвај можел да ја процени и предвиди несреќата.