Што предизвикува појава на бели дамки на ноктите

Дали забележавте дека често се појавуваат бели дамки на вашите нокти? Добрата вест е што тие не се показател за лоша здравствена состојба, а има неколку причини зошто се појавуваат.

Најчеста причина е траума на ноктите. Може да се појави и поради помали оштетувања, на пример од гризење или удирање по масата. Ако одите на маникир, обрнете внимание на стручноста на лицето што го прави тоа. Доколку не делува доволно добро, ќе дојде до оштетување на ноктите, а меѓу другото и појава на дамки.

Покрај тоа, белите дамки можат да бидат знак за недостаток на калциум, габични инфекции, псоријаза или несакан ефект од земање одредени лекови.

Во многу ретки случаи, белите дамки откриваат маларија, Хочкинова болест (малигно заболување на лимфоцитното ткиво) и српеста анемија (тешка крвна болест во која црвените крвни зрнца, кои носат кислород низ крвта низ телото, се развиваат ненормално).

Ако целиот нокт побелее, треба да одите на лекар бидејќи тоа може да укажува на дијабетес или срцеви заболувања. Ако забележите бели ленти на ноктот кои се протегаат по целата површина, тоа може да значи дека телото е отруено со арсен или талиум.