Што се случува со Ана Николиќ!? Пред нејзината зграда штама, прозорците со спуштени ролетни, вратата изгребана: Што велат соседите!? (фото/видео)

Пејачката Ана Николиќ неодамна се најде сред скандал. Посебно внимание привлече нејзиното бурно раскинување со менаџерот Саша Мирковиќ, а неодамна на социјалните мрежи се појави видео на кое видливи рани и кратери на нејзиното лице.

Екипата на српски Курир ја посетила населбата на оваа пејачка. Пред нејзината зграда владеела тишина, а ролетните на прозорците биле спуштени.

Соседите тврдат дека имаат впечаток дека нешто и’ се случува во последно време. Долго време не се ни забележувало дека во зградата влегла куќната помошничка.

– Долго време ја немам видено – рекол господинот од кого новинарите побарале изјава откако излегол од зградата во која живее пејачката.

Еден сосед немал пофални зборови за неа:

– Навистина немам најдобро мислење за неа – кратко изјавил друг сосед.

Имало и такви кои имале позитивно мислење.

– Супер ми е, кул ми е – рекол еден насмеан минувач.

Екипата на ТВ Курир успеала да влезе во зградата, а она што било чудно е што вратата била изгребана, но никој не можел да каже како настанала штетата на вратата.