Штрудлата од афион со лиснато тесто е многу едноставен десерт кој одлично оди со шолја кафе, чај или топло млеко.
Оваа штрудла е идеална комбинација од крцкава кора и мек фил.
Состојките што ќе ви бидат потребни се:
- пакување лиснато тесто
- 200 грама мелено семе од афион
- 300 милилитри млеко
- шест лажици шеќер
- 30 грама маргарин или путер
- една жолчка
Подготовка:
Прво згответе го афионот. Во тенџере ставете млеко, маргарин или путер и варете на тивок оган. Кога млекото ќе зоврие додадете го афионот и варете околу 10 минути. Потоа додадете шеќер и оставете да се вари уште пет минути.
Додека се готви смесата, подгответе го лиснатото тесто. Кога смесата ќе стане доволно густа, намачкајте ја на тестото и расукајте во виткање. Ставете ја штрудлата во тавче каде што претходно сте ставиле хартија за печење и премачкајте ја со жолчка. Се пече на 180 степени околу 30 минути.